Закана за бомба на аеродромот во Манчестер при слетување на авион од Дубаи

Рачна бомба, Фото: МИА

Британската полиција и пожарникарските екипи ја преполнија пистата на аеродромот во Манчестер откако имало закана за бомба. Летот на Емирати од Дубаи бил опколен од службите за итни случаи откако слетал нешто по 19 часот, пишува Мирор.

Како што информира медиумот, од аеродромот во Манчестер вечерва потврдиле дека авионот слетал и дека полицијата се занимава со инцидентот. Полицијата на Манчестер соопштила дека сите патници се евакуирани и дека во оваа фаза од истрагата не се уапсени.

„Авионот слета на аеродромот во Манчестер и е задржан за понатамошна проценка. Претресите и безбедносните проверки се завршени и досега не се пронајдени сомнителни предмети“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот