Зајкова: Изборниот праг да не биде повеќе од 1%

Од Либерално демократска партија велат дека нивна била заложбата за отворени листи со цел да се обезбеди поголемо право на избор на граѓаните, што би значело и унапредување на демократијата, но додават дека прагот не треба да биде повеќе од 1%.

-Како Либерално демократска партија нашата заложба за отворени листи беше со цел да се обезбеди поголемо право на избор на граѓаните, што би значело и унапредување на демократијата. Можност граѓаните дирекно да ги изберат своите претставници во советите, избраните советници да имаа поголема одговорност пред граѓаните кои ги избрале и партиите да се стремат кон поголем квалитет. Можеби и голем дел од граѓаните кои не се политички активни во некоја партија ќе имаат мотив да се најдат на советничките листи со цел да придонесат за поефикасно функционирање на советите и претставување на граѓаните во своите општини. Оттука ваков закон со процентуален праг според нас не ги исполнува во целост предвидените цели- изјави за „Слободен печат“, Моника Зајкова – пратеничка на ЛДП.

Ставот на ЛДП, нагласи таа, е дека не треба да се ограничува правото на граѓаните да учествуваат на локалните избори со советнички листи.

– Ние како партија не ја гледаме потребата за ставање на било какви изборни прагови. Но доколку е неопходно истото тогаш сигурно има друг начин како тоа да се направи на пример некој процент од освоените гласови на листата или пак ако прагот остане вака истиот да биде не повеќе од 1%. Но, бидејќи се уште го немам добиено законскиот текст по добивање на истиот како пратеници од ЛДП ќе доставиме амандмани со цел негово подобрување во насока во која напоменав – истакна Зајкова.

Морачанин за измените на Изборниот законик: Да се примени босанскиот модел за прагот од 2%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот