Морачанин за измените на Изборниот законик: Да се примени босанскиот модел за прагот од 2%

Маја Морачанин / Фото: Утрински брифинг

Помалите партии, како и групи на граѓани кои објавија дека ќе се појавуваат со независни листи на кандидати за општински советници, категорично се против зголемување на прагови, 2% за независните листи и 3% за отворените листи на канидати од вкупниот број на избирачи во избирачкиот список.

Маја Морачанин – претседателка и пратеничка на ДОМ вели дека предложените прагови се големи и за истите најавува амандамани кога измените ќе дојдат на дневен ред во Собранито.

-Ние како пратеници не сме го добиле предлог законот за измени и дополнување на Изборниот законик. Од она што беше објавено и избрифирано, мислам дека тоа се многу големи прагови 2% за независните листи и 3% за отворените листи од вкупниот број на избирачи во избирачкиот список. Кога ќе дојде законот ќе видиме да се направат амандамански измени, затоа што треба да се олесни практично можноста на граѓаните кои не се членови на политички парти, кои сакат да се вклучат конкретно во локалната власт сега, тој процент да биде по достапен за нив. Праг од 2% навистина е многу, истиот став го имаме и за 3% за отворените листи – изјави Морачанин за „Слободен печат“.

Таа информира дека предлог закон за ова прашање на ДОМ е да нема праг, но, додава Морачанин, ако веќе големите партии сакаат некои праг да се воведе за отверените листи, може да се примени босанскиот модел, прагот да изнесува само за листите.

-На пример за избирачка листа на некоја политичка партија, кај нив е 10 % но не од вкупниот број на избирачи, туку од освоените гласови на листатата тој канидат иако е подолу на листата и добил ваков процент на гласови да оди погоре на листата и да биде избран- подвлекува таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот