Зајакнете го имунитетот и подобрете ја циркулацијата со ликер од мед

Ликерот од мед кај нас има многу долга историја. Ако до пред триесетина години бил многу актуелен и речиси и да немало семејство што во својот фрижидер не чува шише со ваков напиток, сепак во последно време изгубил на актуелност. Доколку луѓето би ја знаеле неговата исклучително лековита вредност, во тој случај не би поминувало ниту едно лето, а тие во домашни услови самите да не си подготват ваков ликер.

Историјата на овој пијалак датира уште од времето на Старите Словени и токму затоа важи за едно од најстарите пијалаци со најголема традиција на овие простори. Имено, за Старите Словени медот бил основна намирница што се употребувала како храна и како пијалак.

Прочитајте и...  10 спални, фонтана, куќа за гости, 12 бањи: Џеј Ло и нејзиниот вереник купија луксузен имот од 40 милиони долари

Лековити својства

Лековитите својства на ликерот од мед доаѓаат токму од присуството на мед и прополис во неговиот состав. Овој напиток ќе ви помогне да ги решите проблемите со циркулацијата, одличен е и во борбата против бактериите и вирусите, а значително го подобрува и варењето на храната и го нормализира апетитот кај децата и кај возрасните.

Покрај тоа важи и за идеален аперитив.

Одличен за прослави

Во споредба со останатите алкохолни пијалаци, дејството на ликерот од мед е зачудувачко. Тој ќе ви помогне да го подобрите расположението, но нема да ви ја одземе силата и концентрацијата како што е случај со другите алкохолни пијалаци. Потоа, по неговата претерана употреба нема да имате главоболка, уште помалку вртоглавица, а од неговото редовно консумирање единствено што ќе добиете е добро расположение, зајакнат имунитет и подобро здравје.

Прочитајте и...  Љубов, кариера и здравје: Дневен хороскоп за 15-ти август!

Направете го самите дома

Многумина не знаат дека ликерот од мед се прави многу лесно и тоа во домашни услови, а може да се пие и неколку години. Дури и е препорачливо да го направите дома, бидејќи исклучиво на тој начин ќе знаете дали медот, виното и ракијата што сте ги употребиле во подготовката се со висок квалитет.

Состојки:

500 гр мед
800 мл лозова ракија
100 мл зовриена и изладена вода
100 мл бело вино
1 лимон
прстофат коријандер

Подготовка:

Медот се става во подлабоко тенџере и ставете го на тивок оган да се загрее. Откако медот ќе стане течен, тргнете го од оган и истурете го во ракијата, водата и виното. Потоа сè убаво измешајте и додајте го сокот од лимонот и коријандерот. Сите состојки ставете ги повторно да се загреат и мешајте убаво додека не се соединат.

Прочитајте и...  Анастасија Ражнатовиќ се сонча во Црна Гора: Пејачката на лежалка во танга-бикини! (ФОТО)

Вака подготвениот пијалак ставете го во шишиња. Што подолго стои напитокот, толку е подобар.

Прочитај повеќе

Пред да стане позната познатата водителка малтретирала 11-годишно дете: Ми велеше дека сум ужасен и дебел!

Васко Спасоски

Не се залажувајте повеќе – преземете нешто: 10 знаци кои јасно покажуваат дека не сте среќни во бракот

Слободен печат

Мишел Фајфер на 62 години воодушеви со деколте и лице без шминка: Еднаш убава, засекогаш убава! (ФОТО)

Васко Спасоски

Ќе ве засити, а нема да ви го надуе стомакот: Летна салата со ориз

Слободен печат

Клои Кардашијан со оваа фотка ги шокираше фановите, сега е откриено како навистина изгледа! (ФОТО)

Васко Спасоски

Телото умее да ви сигнализира ако сте претерале со внесување месо

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Луѓето кои ја преболеле короната имуни се три месеци!

Васко Спасоски

Кралот на тортите: Бели ледени коцки – рецепт!

Васко Спасоски

Секој ден во различни бикини: Вчера Анастасија Ражнатовиќ носеше танга, а денеска… (ФОТО)

Васко Спасоски

Повеќето жени не се подготвени: Симптоми што укажуваат на почеток на менопаузата

Слободен печат

Не чудете се ако оваа година полесно изгорите на сонце

Слободен печат

Љубов, кариера и здравје: Дневен хороскоп за 15-ти август!

Васко Спасоски