Захарова: Донацијата на тенкови од Скопје за Киев не е „безопасна“ туку е голема грешка

Марија Захарова / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Русија смета дека е голема грешка одлуката на властите на Северна Македонија да и донираат на Украина тенкови Т-72, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Иако станува збор за застарена опрема, со донацијата, наведува Захарова, се дава поддршка за „продолжување на криминалните активностите на режимот во Киев”.

– И покрај тоа што, според северномакедонските власти, тоа е „безопасна” донација на застарена опрема, останува фактот дека лојалното кон НАТО Скопје е вклучено во испораката на оружје, а Украина, со што придонесува за продолжување на криминална активност на режимот во Киев против цивилното население во Донбас. Луѓето кои исповедаат демократија, слобода и човекови права треба да го знаат тоа. Сето ова води кон дополнително влошување на ситуацијата. Сметаме дека ова е голема грешка на раководството на Северна Македонија, вели Захарова во изјавата објавена на веб страницата на МНР на Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот