Загинаа 18 мигранти, а уште толку се исчезнати откако чамец се превртел во Либија
Вкупно 18 мигранти загинаа, 92 беа спасени, а уште 18 се водат како исчезнати откако нивниот чамец се превртел во близина на либискиот западен град Зауија рано во вторникот, соопшти Либиската служба за итни случаи и брза помош, објави кинеската државна новинска агенција „Синхуа“.
Препорачано
Меѓу загинатите имало четворица државјани на Египет и двајца од Сомалија, се наведува во соопштението и се додава дека потрагата и спасувачките операции продолжуваат за да се пронајдат исчезнатите.
Либија, уште од востанието во 2011 година со кое беше соборен режимот на Муамар Гадафи, претставува главна транзитна точка за мигрантите што се обидуваат да стигнат до Европа. Мрежите на шверцери процветаа во услови на политичка поделба и нестабилност, изложувајќи ги мигрантите на сурови услови во притворските центри и на чести бродоломи и пожари во Средоземното Море.
Земјата и понатаму е поделена меѓу Владата на национално единство со седиште во Триполи и источната администрација во сојуз со Либиската национална армија на Калифа Хафтар.
Трагедија кај брегот на Тунис: Загинаа најмалку 40 мигранти откако потонал нивниот чамец


