Загина возач од Стојаково

Фото: Илустрација

Вчера во МВР е пријавено дека на локалниот пат помеѓу селата Стојаково и Богородица, А.П.(54) од Стојаково, управувајќи патничко моторно возило „сеат леон“ во кое како сопатник се превезувала и неговата сопруга, излетало од патот. Откако пристигнала екипа на Итна помош тој починал. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од полициската станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено за обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот