Загина пешак во близина на Крива Паланка

Фото: МИА

Полицијата извести дека шеесет и седумгодишен маж од кривопаланечкото село Градец почина откако вчера во него удри автомобил на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово.

Според полицијата, пешакот С.А. во незгодата здобил тешки повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде околу 19 часот починал.

На местото на сообраќајката бил извршен увид од екипа на полициската станица од Крива Паланка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот