Заев за пишувањето на „Ла верита“: Ако во ВМРО-ДПМНЕ имаа некакви докази, верувајте, ќе ме осудеа

По најновиот напис на италијанскиот весник „Ла верита“ во кој се обвинува лидерот на СДСМ, Зоран Заев за учество во изборни нерегуларности во 2014 година, поранешниот премиер вели дека тоа било една од алатките за атакување на опозиционерот Заев во тоа време кога, како што рече, не ги признале изборите.

– Ако имале какви било докази, верувајте во 2014 година со целата сила на ВМРО-ДПМНЕ Заев ќе го осуделе. Значи тие немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт заради тоа што немаше. Таму каде што се трудеа тоа да го претстават пред јавноста еве до крај со обвинителни акти за поткуп, за сите тие други предмети што ги водеа против мене, како што беше прислушувањето и слично, овде немаа ништо, беше една фама што ја создаваа се со цел да се оцрни тогаш лидерот на опозицијата Заев, а никако не можеа ниту да заокружат што било, каков било наратив да поднесат дури обвинение – изјави Заев.

Италијанскиот весник „Ла Верита“ објави документи од истрага за наводна вмешаност на експремиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев со уште две лица од Струмица за поткуп на гласачи на изборите во 2014 година. Според весникот, имало сериозни сомневања за тоа дека Заев бил дел од мрежа за изборни нерегуларности, а во обвинителството се водела истрага која не добила судски епилог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот