Заев за „бомбата“ на „Ел Чека“: Се покажува разликата со нашите политички опоненти

Премиерот Зоран Заев за објавениот аудио разговор на социјалната мрежа „Фејсбук” за министерката за одбрана Радмила Шекеринска со поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Фатмир Бесими за локалните избори во 2013 година, оценува дека покажува принципиелност и како што вели, разликата со нашите политички опоненти.

Самата „бомба“, истакна Заев, навистина го покажува тоа колку сме различни од сите други.

– Суштината е дека бараме приниципиелност. Држете се до законот. Немојте да дозволите да потпаднете под политички притисок од никој. Тоа е суштината. Заради тоа што, навистина колегите може да разговарат за се, но многу е важна самата дискусија, дали е за законите, за принципите, за критериумите или е без разлика, како што другата страна знае да прави, без разлика тоа што законите го кажуваат, кои се принципите и критериумите, само да се исполнат некои одредени политики. И навистина тоа ја покажува разликата меѓу нас и нашите политички опоненти – рече Заев.

Во објавениот прислушуван разговор од локалните избори во 2013 година на социјалната мрежа „Фејсбук”, според објавувачот на материјалот женскиот глас за кој тој тврди дека е на Шекеринска, вели дека членовите на Државната изборна комисија треба да гласаат принципиелно за изборната победа од првиот круг во општина Центар на кандидатот на СДСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот