Заев: Стечајните работници во следниот период ќе добијат домашна платежна картичка од 9.000 денари

Векот сте го дале за татковината. Нечесно е да останете, вие стечајните работници без примања. Затоа воведовме 8.000 денари месечен надомест за 12.000 стечајни работници за да имаат со што да го минат месецот. Тоа е фер и правично општество, им порача претседателот Заев на стечајните работници во Куманово.

Претседателот Заев истакна дека и стечајните работници во следниот период ќе добијат домашна платежна картичка од 9.000 денари и додаде дека во изминатите две и пол години, Владата предводена од СДСМ докажа што е вистинска грижа за народот, за сите граѓани.

-Докажавме дека има пари во нашата земја за граѓаните. Ја воведовме социјалната пензија. Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто, воведовме детски и образовен додаток и го проширивме опфатот на деца со овие мерки. Обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 деца. Инвестираме во човечкиот капитал, а ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошеше на споменици, музеи, стиропорни фасади. Следниот мандат социјалната грижа продолжува уште повеќе и уште подобро- заклучи претседателот Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот