Заев: Со Ахмети не сме разговарале за државните симболи

Фото: Драган Митревски/ Слободен печат

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека со лидерот на ДУИ Али Ахмети не разговарале за државните симболи или поконкретно за химната.

– Вчера имаше официјална реакција од Владата. Со колегата Али Ахмети не сме разговарале за државните симболи. Треба да се фокусираме на економијата, зелената агенда, како и главниот фокус да остане на европеизацијата на Северна Македонија, рече Заев на заедничката прес-конференција со премиерот на Албанија Еди Рама, одговарајќи на новинарско прашање.

Прашан дали смета дека погрешил со тоа што на Твитер напиша „Македонската фудбалска репрезентација” за што грчките власти замерија дека не се користи уствното име и најавија дека ќе ги замрзнат трите меморандуми, Заев рече дека е нормално да се направи грешка, меѓутоа, како што додаде, земјата е посветена на Преспанскиот договор, бидејќи носи бенефит за граѓаните на двете држави.

– Тоа е точно со Договорот од Преспа, но тоа не е причина да се одложат договорите и меморандумите во грчкиот Парламент затоа што чекавме две години за овие договори и меморандуми во грчкиот Парламент и можеме да почекаме уште три месеци… Нормално е да се згреши, јас имам 46 години, се случува на овие години и да го повторувам понекогаш, но секако продолжуваме да се посветуваме на тоа бидејќи Договорот од Преспа носи придобивки за нашите граѓани, рече Заев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот