Заев: МАНУ мора да го смени името, Преспанскиот договор е закон

Зоран Заев / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Премиерот Зоран Заев, денеска уште еднаш потврди дека името на Македонската академија на науките и уметностите мора да се смени. Претходно претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев остро реагираше на барањата институцијата да биде преименувана во Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија, а со тоа Македонската академија на науките и уметностите стана првата државна институција која и официјално се спротивстави на промената на името.

Сепак според Заев, залудно е писменото обраќање на академиците до законодавниот дом и до Владата со  барање законот за нивно преименување да биде повлечен, бидејќи како што рече денеска, Преспанскиот договор претставува Закон кој мора да се почитува, а тоа значи дека и покрај заложбите на дел од академиците за зачувување на името на институцијата, таа на крајот ќе мора да биде преименувана.

– МАНУ како институција формирана и финансирана од државата според Преспанскиот договор мора да се преименува. Согласно Преспанскиот договор придавката во името на академијата треба да се усогласи со официјалното име на државата, рече Заев.

Од друга страна, премиерот нагласи дека не е вистина информацијата за укинување на Катедрата за македонски јазик и македонска книжевност на Филолошкиот факултет.

-Јас зборував со академик Коцарев, двајцата сфативме дека станува збор за недоразбирање. Никој не помислува да ги укине Катедрите по македонски јазик и книжевност, напротив работиме на промоција на македонскиот јазик и надвор од земјата. Ја користиме модерната технологија за овозможување на онлајн часови по македонски јазик за децата на нашите иселеници, нагласи Заев.

Румена Бужаровска до Коцарев: Претседателот на МАНУ шири лажни вести

Филолошки факултет: Невистини и манипулации се написите за укинување на катедрите за македонски јазик и за македонска книжевност

Проф. Пановска-Димкова: Коцарев опасно манипулира и не ги поткрепува своите зборови со докази

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот