Румена Бужаровска до Коцарев: Претседателот на МАНУ шири лажни вести

Писателката, а воедно и професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, Румена Бужаровска ги опиша како „брука“ изнесените тврдења во јавноста на претседателот на Македонската академија на науките и уметности, Љупчо Коцарев, кој наведе дека ќе се укинуваат катедрите за македонски јазик и македонска книжевност.

– МАНУ би требало да се огради од тоа што неговиот претседател скандалозно и тенденциозно шири лажни вести. Каква брука, искоментира писателката на Фејсбук.

Инаку повеќе професори, магистри и доценти од Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици денес упатија отворено писмо во кое велат дека станува збор за целосни невистини и манипулации.

– Изразуваме цврста убеденост дека на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ не постои и никогаш не постоела идеја за укинување на катедрите за македонски јазик и за македонска книжевност. Истовремено ја уверуваме македонската јавност дека доколку некој поединец или институција би се осмелиле да посегнат по интегритетот на Катедрата за македонски јазик, ние сите до еден ќе се заложиме тоа да го спречиме со сите средства и на сите начини“, се вели во писмото, меѓу другото.

Филолошки факултет: Невистини и манипулации се написите за укинување на катедрите за македонски јазик и за македонска книжевност

Проф. Пановска-Димкова: Коцарев опасно манипулира и не ги поткрепува своите зборови со докази

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот