Заев: Kапиталните инвестиции во Буџетот ќе бидат на историски највисоко ниво

Зоран Заев во утрински брифинг
Зоран Заев премиер на влада на РСМ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во Предлог-буџетот за 2022 година финансиски се пресликани приоритетите на кои Владата посветено ќе работи во текот на следната година, објави премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил.

Основни цели на Буџетот за 2022 година, наведува, се економско заздравување и забрзан раст, фискална одржливост, зачувување на здравјето и животите на граѓаните, како и поддршка на институционалните реформи и европските интеграции.

„Преку Буџетот се обезбедува навремена исплата на плати, пензии, социјални надоместоци, субвенции, како и реализација на капиталните инвестиции, коишто за 2022 година се планирани на историски највисоко ниво од 37,8 милијарди денари и се повисоки од буџетскиот дефицит“ напиша Заев.

Одлика на овој Буџет, истакнува Заев, е дека парите на граѓаните ќе се искористат таму каде што даваат најголеми ефекти во остварување на целите за повисок квалитет на животот.

„Затоа значајно е Буџетот за 2022 година да се донесе во законски предвидениот рок, со цел непречено финансирање на функциите на државата“, пишува на ФБ премиерот Заев. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот