Заев е убеден дека ќе има датум за преговори, а Мицкоски е песимист

Премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со различни ставови за тоа дали Макеоднија ќе добие датум за старт на преговори со Европската Унија.

Заслужуваме да добиеме одлука за почеток на преговори со Европската Унија.  ЕУ вети – ако вие испорачате и ние ќе испорачаме. Очекуваме ЕУ да  го одржи зборот и  да испорача. Убеден сум дека Европскиот совет на 17 и 18 октомври  ќе ја донесе толку долго очекуваната одлука за почеток на преговори со земјава, порача денеска премиерот Зоран Заев.

-Ние не очекуваме од 18 октомври да бидеме полноправна членка на ЕУ. Свесни сме дека тоа е пат, дека е процес низ којшто треба да поминеме. Очекуваме да го добиеме следниот чекор, а тоа е почеток на преговорите, отворање на поглавјата и на пристапните фондови за да продолжи трансформацијата на нашето општество кон европско општество. Тоа се нашите  намери, рече Заев.

Опозицискиот лидер Мицкоски, пак, не верува дека земјава ќе добие датум за старт на преговори со ЕУ.

-Датумот ќе биде исклучително условен, а според вестите што ги имам, можно е таков датум и да нема. Зошто не е доволно националното понижување што го направија. Нашите партнери гледаат дека во нашава земја владее арамилакот, пустошот. Токму од тие причини, датумот не само што може да биде условен, туку и одложен за други времиња – вели Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот