Заев: Ако бев јас на местото на Ременски ќе се повлечев – Слободен печат
ВестиМакедонија

Заев: Ако бев јас на местото на Ременски ќе се повлечев

Прашан зошто не побарал оставка од Ременски од пратеничката функција, Заев рече дека тоа е нејзино право и таа е директно бирана од граѓаните.

„Оставката од општествената функција е личен чин. Ако бев јас на местото на пратеничката Фросина Ременски ќе се повлечев и ќе чекав да го докажам тоа и да се вратам на голема врата како херој“, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за Телевизија 24.

Прашан зошто не побарал оставка од Ременски од пратеничката функција, Заев рече дека тоа е нејзино право и таа е директно бирана од граѓаните.

– Таа е добредојдена да се врати во централниот и извршниот одбор на СДСМ, чим и се докаже нејзината невиност, изјави Заев.

Од истите причини, односно почитување на пресумцијата на невиноста, вели тој не се откажал од генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски и вицепремиерот Бујар Османи.

Посочи дека случајот „Рекет” е констатиран како практична имплементација на реформите во правосудството, каде секој е еднаков пред законот и каде обвинител може да биде во притвор и тоа Европа го препознава.

– Овој случај јас го пријавив. Не ме интересира кој ќе излезе. Овој случај за три месеци, почна истрага и заврши истрага. Каде се другите случаеви? За кои што крвавев и вадев бомби. Каде се да се реализираат. Ги предизвикувам и обвинителство и судство, треба да ги реализираат тие случаеви. Нека донесат пресуди, нема аргументи и докази – невини, има аргументи и докази – виновен. Ова ќе ја промени состојбата во државата, ако секој носи одлука таму каде што е платен, изјави Заев.

Тој рече дека нема индиции за вмешаност на други луѓе од владата во аферата „Рекет”, иако биле гости во телевизијата каде сопственик бил токму Боки 13.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close