Макрон и Мерц на средба во Париз/Фото: Blondet Eliot/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Заедничка изјава на 8-те европски земји засегнати од царините на Трамп

Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска и Обединетото Кралство во заедничко соопштение наведоа дека заканите од Вашингтон „ги поткопуваат трансатлантските односи и ризикуваат опасна спирала надолу“, пренесува Би-би-си.

Групата вели дека „ќе продолжат да останат обединети и координирани во својот одговор“ и се посветени „на зачувување на нашиот суверенитет“.

„Изразуваме целосна солидарност со Кралството Данска и народот на Гренланд. Надоврзувајќи се на процесот започнат минатата недела, подготвени сме да се вклучиме во дијалог заснован на принципите на суверенитет и територијален интегритет, кои силно ги поддржуваме“, се вели во соопштението.

Во соопштението се додава дека неодамнешната претходно координирана данска вежба спроведена во Гренланд „не претставува закана за никого“.

„Ќе плаќаат додека не го преземам Гренланд“, Трамп воведува царини за осум европски земји

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот