Зачудувачко откритие: Ремчињата на паметните часовници имаат високо ниво на ешерихија коли и други бактерии

Фото: Pixabay

Потенцијалната улога на личните предмети на човекот во преносот на патогени, досега е слабо истражуван. Но, новата студија открива дека, пластичните ремчиња за зглоб на познатите паметни часовници, содржат високи нивоа на потенцијално штетни бактерии, пишува британски „Телеграф“.

Податоците покажуваат дека, бактериите ешерихија коли и стафилокока, биле пронајдени на 60 и 85 отсто од сите истражени ремчиња за часовници. Додека пак, околу секое трето ремче имало знаци на контаминација со псевдомонади.

Научниците од Универзитетот во Флорида, тестирале 20 паметни часовници на испитаници, кои биле од различни профили, како пожарникари, ветеринари, посетители на теретана и канцелариски работници.

Лабораториската анализа барала колку единици бактерии, кои формираат колонии, има во одредена област и откри дека ремчињата од ткаенина се највалкани, а потоа биле ремчињата од пластика, гума, кожа и метал.

Студијата покажала дека златните ремчиња, кои се познати по своите антимикробни својства, немале забележлива количина на бактерии.

Потреба од редовна дезинфекција

„Порозните и статичните површини имаат тенденција да привлекуваат и да бидат колонизирани од пазлични бактерии“, изјавил д-р Нвадиуто Есиобу, еден од авторите на студијата.

Трите бактерии кои се истражувани во оваа студија, вообичаено се наоѓаат на човечката кожа и најчесто се безопасни. Сепак, тие можат да станат опасни по здравјето, доколку на кожата има отворени рани, кои бактериите може да ги „нападнат“.

„Количеството и таксономијата на бактериите што ги најдовме на ремчињата покажуваат дека има потреба од редовна хигиена на овие површини“, додал д-р Есиобу.

Тимот на научници открил дека антибактерискиот спреј и етанолот се најефикасни во убивањето на повеќето бактерии, додека домашниот лек од јаболков оцет е помалку ефикасен.

Д-р Есиобу смета дека и другите потенцијални форми на пренос на бактерии и подложност на инфекции, како што се слушалките или мобилните телефони, треба да се проучуваат на сличен начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот