Гораст Трпковски - спортско качување на карпа / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ЗАБАВНА ЗОНА | Трпковски: Качувањето по карпи е многу комплетен спорт и ги активира сите мускули и мозокот

Првата епизода од новиот серијал на „Слободен печат“, насловен „Забавна зона“ се емитува денеска од 18 часот, каде најпрво ќе ве запознаеме со една нова и несекојдневна активност во која можете да ја пробате својата издржливост.

Станува збор за „Болдер бар“, поточно сала за спортско качување по карпи. Тука посетителите и спортистите кои активно се занимаваат со овој спорт се качуваат по карпи со што ги активираат
мускулите на целото тело, а се развива и мозокот размислувајќи на следниот чекор каде би можеле да застанат.

Во „Забавна зона“ разговаравме со инструкторот Виктор Трповски кој одблизу нѐ запозна со овој спорт и идејата за отворање на „Болдер бар“. Тој е особено горд на неговите ученици, а во оваа емисија ќе ве запознаеме и со Горазд Трпковски кој во моментов се натпреварува на Светското првенство во спортско качување во Хелсински. Тој пред камерата на „Слободен печат“ раскажа како се одлучил да се занимава со овој спорт.

-Ми изгледаше многу забавно, на почетокот се качував рекреативно, меѓутоа понатаму многу повеќе го засакав спортот и сфатив дека е многу комплетен спорт, сите мускули ги активира, потребно е многу размислување, се качувам во природа, меѓу нас има многу добра комуникација и добра атмосфера – сподели Трпковски.

Своето искуство како спортски качувач ни го раскажа и деветгодишната Дарија Ристеска која зад себе има многу натпревари и награди.

Премиерно, првото издание излегува денеска со почеток во 18 часот на јутјуб каналот на „Слободен печат“, а на ова забавно патување ќе ве води новинарката Јована Трајковска!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот