За време на онлајн настава во Хрватска, средношколец добил единица по физичко

Како што е наведено, професорот поставил апликација преку која ученикот требало да испрати доказ дека сработил некои вежби. Ученикот не го направил тоа во предвидениот рок и професорот му ставил единица во е-дневникот.

Средношколец во Хрватска добил единица по физичко образование за време на онлајн-настава, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист”.

Како што е наведено, професорот поставил апликација преку која ученикот требало да испрати доказ дека сработил некои вежби. Ученикот не го направил тоа во предвидениот рок и професорот му ставил единица во е-дневникот.

Весникот пишува дека првите десет дена од почетокот на електронската настава, која е организирана поради епидемијата на коронавирусот, се обележани со хакерски напади, рушење на системот, земјотрес во Загреб, нерамноправно оптоварување на учениците, како и голем број прашања на кои наставниците, учениците и родителите немаат одговор.

Хрватската министерка за образование Блаженка Дивјак рече дека околу 450.000 ученици и наставници во основните и средните училишта, како и 70.000 на факултетите, ја следат наставата преку сервисите CARNet и SRCE.

Наставата за најмалите деца е организирана преку телевизиска програма на ХРТ 3, а за средношколците и на Спортската телевизија и РТЛ 2.

Материјалите се пласираат преку Јутјуб, различни веб-страници, се комуницира преку групи на Вибер, Ватсап, како и преку е-маил. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот