За првпат е на Олимпијада и веднаш урна рекорд стар 25 години

Фото: EPA-EFE/TIBOR ILLYES HUNGARY OUT

Јужнокорејката Ан Сан постави нов олимписки рекорд во стрелаштво, и тоа веќе во квалификациската рунда.

Ан Сан во петокот оствари резултат од 680 поени во квалификациите и на тој начин го надмина рекордот поставен од Лина Херасименко од Украина во 1996 година во Атланта (673 поени), за вкупно седум поени.

– Не го очекував ова. Среќна сум. За првпат сум на Олимписките игри и мило ми е што веднаш поставив рекорд – рече 20-годишната Сан.

Уште три натпреварувачки имаа подобар учинок од Херасименко, Јанг Мине имаше 677 поени, Канг Чеиунг 675 и Алехандра Валенсија 674 поени.

Натпреварот во стрелаштво продолжува во сабота кога мешовитите тимови ќе се борат за медали.

ВИДЕО: Што јадат спортистите во Токио, погледнете како изгледа ресторанот во олимпиското село

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот