За папата е „лицемерно“ да се биде шокиран од одобрувањето на истополовите парови

Папата Франциск / Фото EPA-EFE/MAURIZIO BRAMBATTI

Папата Франциск денеска изјави дека е „лицемерно да се биде шокиран“ од неодамнешната одлука на Католичката црква која одобри благослов за истополовите парови.

-Никој не е скандализиран ако дадам благослов на бизнисмен кој експлоатира луѓе, што е сериозен грев. Меѓутоа, тие се скандализирани ако дадам благослов на хомосексуалец. Тоа е лицемерие, рече папата во интервју за Католичкиот неделник „Кредере“ (Kredere), пренесе италијанска АНСА.

Според него, Католичката црква сака да биде „поблиска до луѓето на кои им служи“.

-Луѓето толку многу страдаат, а ние свештенството понекогаш живееме во удобност. Неопходно е да се видат работата и страдањето на луѓето, изјави поглаварот на Римокатоличката црква.

Ватикан кон крајот на минатата година објави дека римокатоличките свештеници можат да им даваат благослов на истополовите парови, доколку тоа не е дел од редовните црковни ритуали или литургии.

Во документот на ватиканската доктринална канцеларија се наведува дека таквите благослови нема да ги озаконат неправилните ситуации, туку би биле знак дека „Бог ги прифаќа сите“.

Ова, како што е наведено, никако не треба да се меша со светата тајна на хетеросексуалниот брак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот