За обнова и закрепнување на Украина потребни се 383 милијарди евра

Украина гранатирање фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Трошоците потребни за реконструкција и закрепнување на Украина, која е цел на руската инвазија, се зголемија на 411 милијарди долари (383 милијарди евра), проценија украинската Влада, Светската банка, Европската комисија и Обединетите нации.

Според новата проценка објавена денеска, а која го опфаќа периодот од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година до нејзината прва годишнина, ќе бидат потребни средства за реконструкција и закрепнување во текот на следните 10 години и ќе бидат обезбедени од јавни и приватни фондови.

Наведената сума е 2,6 пати поголема од проценетиот Бруто домашен производ на Украина во 2022 година, соопшти Европската комисија.

Втората брза проценка на штетите и потребите обезбедува сеопфатна проценка на ефектите од војната во 20 различни сектори, специфицирајќи ја директната физичка штета на инфраструктурата и зградите и опишувајќи го влијанието врз животите на луѓето.

Се проценува дека на Украина оваа година ќе и бидат потребни 14 милијарди долари за приоритетни инвестиции во обнова и закрепнување.

Украинскиот премиер, Денис Шмигал, изјави дека подготовката на втората Брза проценка на штетите и потребите е „важен елемент во стратегијата за реконструкција на Украина“.

„Ние сме благодарни на Светска банка за темелната анализа, која ќе стане важна алатка за нас и нашите партнери во спроведувањето на проектите за закрепнување, кои веќе се почнати, кажа Шмигал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот