За неколку дена, во Шуто Оризари фрлени 135 кубни метри кабаст отпад

фото: ЈП „Комунална хигиена“

Во рамките на акцијата за пролетно генерално чистење на општината Шуто Оризари, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ во текот на денешниот ден започнаа со расчистување обемна дива депонија лоцирана на булеварот Македонско-косовска бригада, информираат од ова јавно претпријатие.

– Во специјалните садови што Претпријатието ги постави на шест локации во оваа скопска општина досега беа одложени вкупно 135 кубни метри кабаст отпад.ЈП „Комунална хигиена“ секојдневно реализира и активности за рачно и машинско метење и миење улиците Шуто Оризари и Нов живот, како и на сите автобуски постојки лоцирани во општината Шуто Оризари – велат од ЈП „Комунална хигиена“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот