За Лосон нема потреба од дебата околу тоа дали постои македонски јазик

Метју Лосон, британски амбасадор/Фото: МИА

Не треба да дебатираме дали постои македонскиот јазик. Го зборуваме, го предаваат на нашите универзитети, се пишуваат деловни договори на македонски јазик, рече амбасадорот на Велика Британија, Метју Лосон, на вечерашното одбележување на роденденот на британскиот крал Чарлс Трети во Скопје.

– Ми се чини дека секој што негира дека постои македонскиот јазик не му кажал на Виз Ер, бидејќи секој месец се пријавувам на македонски јазик за мојот лет кога се враќам дома. Ова е мојот начин, нашиот британски начин да кажеме, „ние сме ваши партнери, пријатели и сојузници, продолжуваме да го негуваме нашето пријателство и понатаму, рече Лосон.

По повод одбележувањето и на 30 години партнерство и дипломатски односи меѓу двете земји, амбасадорот рече дека секогаш ќе ја поддржуваат Северна Македонија како рамноправен партнер.

– Секогаш ќе ја поддржуваме Северна Македонија како рамноправен партнер во трговијата, инвестициите, во НАТО, ОБСЕ, Обединетите Нации. Нашето партнерство се протега и во вашата култура, јазик и историја. Ние сме горди на нашата историја и нашиот јазик во Обединетото Кралство, особено оваа година со крунисувањето на нашиот нов крал и разбираме и почитуваме дека и вие сте горди за вашиот јазик и вашата историја, дополни Лосон.

Специјалниот британски претставник за Западен Балкан, Стјуарт Пич, на настанот што се одржа во Музеј на современа уметност во Скопје, истакна дека се гордеат што и Северна Македонија стои со Украина, не само со тоа што е значаен билатерален донатор, туку и со тоа што придонесува на пошироката европска безбедност преку НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот