Сообраќај - Безбеден град / Фото: Слободен печат

За една недела констатирани 4.991 прекршоци преку „Безбеден град“, за брзо возење 4.674

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека во периодот од 2 до 8 февруари од системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистриран е вкупно 4.991 прекршок. Од нив, 641 е мерка за сторен прекршок од возачи што управувале возило со странски регистарски ознаки.

„Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената – 4.674, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) – 163, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 154 прекршоци“, информира МВР.

Како функционира „Безбеден град“ – системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла

Исто така, изречени се вкупно 288 мерки „забрана за управување со возило“, од кои 163 се за „минување на црвено светло“, а 125 се за „брзо возење“.

Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 22.434 возила.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта“, стои во соопштението на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот