За 60 % ќе поскапи парното греење, ако за три недели не се постави топловод на мостот Беласица

Парно радијатори за греење / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Грејната сезона почнува за  помалку од три недели, а на скопјани им се заканува нов ценовен шок. Ако не се постави новиот топловод на мостот Беласица, парното греење ќе поскапи за 60 проценти.  Деновиве инженерите од ЕСМ ќе треба да почнат физичка градба, но тоа нема да значи санација на мостот, туку само нова подлога и држачи за цевките. Подготвени, се и чекаат дозвола од градските власти за да ја завршат работата.
Од Град Скопје нема одговор, кога ќе дадат зелено светло за да може да се изврши монтажата.
Премиерот Димитар Ковачевски е оптимист дека цевките за парно под Беласица кои чекаат половина година, ќе бидат наместени за помалку од 3 недели.

– Сметам дека има време тоа да се направи и кога ќе се направи ќе се олесни работата на РКЕ да определи цена на топлинската енергија и ќе биде по цена прифатлива за скопјани. Колегите во ЕСМ работат на оваа проблематика, рече Ковачевски.

Топловодот е важен затоа што низ него поминува топлината од Те-то која е за неколкупати поевтина отколку онаа од топланите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот