За 5 минути слава: Момче се јави во Итната помош и се пошегува со службата од која зависат животи (ВИДЕО)

Топ тема денеска на социјалните мрежи е видео на кое се гледа како младо момче, додека со пријателка е на пауза за цигара, најавува дека ќе се јави и ѕвони на телефонскиот број на итната помош 194 по што хистерично извикува „пожар“ алудирајќи дека го згрешил бројот, а сакал да повика противпожарна служба.

„Додека тој се заебава, линијата е зафатена за пациенти. Да го направиме популарен!“ Собрани неколку “истомисленици”. Како бе не држи сѐ уште земјата? – се дел од многуте негативни коментари на социјалните мрежи.

Во некои од коментарите, момчето е идентификувано како келнер кој е вработен во познат скопски ресторан.

Поради коментарите момчето кое првичното видео со невкусната шега го објави на ТикТок, сними уште едно видео со извинување поради својата постапка.

@_iksvelok_Znacii lugee naprav greska stvarno se izvinuvam likeneto go vidovo za d avidat poeke luge IZVINETE ##foryou ##foryoupage ##fyp ##fyr♬ original sound – __kolevski

Она што е важно во овој случај е дека секое лажно пријавување кон соодветните служби за помош, повлекува прекршочна и кривична одговорност за ваквото дело.

Пред извесно време момче преку видео на ТикТок се пофали како пали шума при што беше пронајден, уапсен и осомничен за кривично дело предизвикување општа опасност.

Полицијата го уапси малолетникот што палеше шума и се снимаше на Тик Ток 

Преку ТикТок беше споделувано и видеото од брутален напад на момче, веројатно некаде кај Железничката станица во Скопје.

Снимка од брутален напад на момче објавена на „Тик Ток“ (ВИДЕО)

Токму поради тоа што преку апликацијата ТикТок, по потекло од Кина, неконтролирано се шират видеа со различна насилна, суицидна и предизвикувачка содржина, која негативно влијае кај младите корисници, земји како САД и некои европски, сакаат да ја забранат за користење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот