Полицијата го уапси малолетникот што палеше шума и се снимаше на Тик Ток 

Приведено е лицето кое на Тик Ток објави видео и фотографии како предизвикува пожар на јавна површина. Единицата за насилен криминал до Основното јавно обвинителство Скопје ќе поднесе писмено известување за 17 годишникот од село Мојанци скопско поради сомнение дека сторил кривично дело предизвикување општа опасност. На четврти август на социјалната мрежа Тик Ток тој објавил видео и фотографии како предизвикува пожар, осносно потпалува нискостеблеста шума и трева на јавна површина. Фотографиите и видеата биле споделени на повеќе социјални мрежи. На нив се гледала фигура на лице кое врши потпалување на повеќе дрва и грмушки на планина, а објавите биле од профил на мрежата Тик Ток под псевдоним Д.К.
Полицијата идентификувала дека лицето кое предизвикува пожар на јавна површина е 17 годишник на падините во шума над село Мојанци. И малолетникот и неговиот татко биле повикани на разговор, каде малолетникот признал дека палел шума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот