Вујо ја освои Битола, Еурофарм Работник реди порази во СЕХА!
Денеска во својот осми натпревар од СЕХА Газпром лигата во салата „Боро Чурлевски“ составот на Еурофарм Работник загуби со 27:28 од ППД Загреб.
После првото полувреме Хрватите имаа предност од четири голови разлика (12:16), а македонскиот претставник во вториот дел беше подобар, но на крајот го претрпе и петтиот пораз по ред во регионалното натпреварување.
Битолчани во ниту еден момент не беа во позитива, иако се доближуваа на „минус еден“ неколку пати во текот на мечот.
Кај избраниците на Весели Вујовиќ се одвои Златко Хорват со 10 голови, а на спротивната страна Владислав Остроушко имаше седум погодоци.
На табелата во групата „Б“ ППД Загреб е на третото место со 15 бодови од седум натпревари, а Еурофарм Работник на четвртата позиција со девет бодови од осум натпревари.