Александар Вучиќ, претседател на Србија / Фото: MILAN ILIC/BETAPHOTO / Sipa Press / Profimedia

Вучиќ закажа итен состанок на Советот за национална безбедност

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за утре во 10 часот закажа состанок на Советот за национална безбедност, кој ќе се одржи во зградата на Претседателството на Србија, јавува српска „Политика“

Како што е наведено, седницата била свикана по повод невидени настани и злосторства на меѓународната политичка сцена, кои имаат сериозни последици по глобалната безбедност и меѓународните односи.

Се очекува на седницата да се дискутира за актуелната меѓународна ситуација, нејзиното влијание врз безбедноста на Србија, како и да се анализираат можните понатамошни чекори на државните органи во согласност со националните интереси и важечките стратешки документи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот