Александар Вучиќ - монтажа Ќациледн - Извор Нова.рс.

ВИДЕО | Вучиќ објави снимка од апсењето и сослушувањето на осомничениот за нападот во „Ќациленд“: „Мотивот е политички“

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „омразата поттикната од политичарите и медиумите доведе до терористички чин во „Ќациленд“, импровизирана населба во белградскиот Пионирски парк  каде што денес едно лице беше рането во вооружен напад, а беше подметнат и пожар, објавува Nova.rs.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Прикажани се снимки од апсењето

Вучиќ, кој го окарактеризира инцидентот како „терористички чин“ уште пред прес-конференцијата, го започна своето обраќање откривајќи ги личните податоци на уапсениот напаѓач и детали за оружјето што го користел.

Филмски сцени пред српскиот Парламент: „Ќациленд гори, но гласањето мора да продолжи“

Како што истакна Вучиќ поранешен член на Државната безбедност е напаѓачот пред српското Собрание.

Тој изјави дека осомничениот со себе донел и канта бензин со намера да запали пожар. Потоа побара да се прикажат снимките од ранувањето, апсењето и испрашувањето на осомничениот на јавноста.

Повик за смирување на тензиите

„За мене, политичкиот мотив е недвосмислен. Му посакуваме на г-дин Богдановиќ успешна операција и закрепнување“, рече Вучиќ.

Тој, исто така, ги повика своите поддржувачи да се воздржат од какви било собири, нагласувајќи дека „одмаздата никогаш никому не донела добро“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот