Александар Вучиќ / Фото: EPA/EFE / Koca Sulejmanovic

Вучиќ најави вонредни парламентарни избори во Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека оваа година во политичка смисла ќе биде тешка бидејќи е изборна и дека вонредните парламентарни избори ќе бидат организирани во октомври, ноември или в декември, објави „Данас“.

Тој изјави дека датумот на одржување на изборите ќе зависи од договор меѓу политичките актери, доколку, како што наведе, тие сакаат да се договараат.

ВИДЕО | Студентите добија поддршка и од пензионери:„И тие веќе не се за Вучиќ“

Студентите во блокада подолг период бараат распишување вонредни парламентарни избори, додека дел од опозицијата смета дека Вучиќ не ги распишува бидејќи се плаши од губење на власта.

На претходните повици на претседателот на Србија за разговори на различни теми, студентите, кои учествуваат во блокадите, и опозицијата реагираа негативно.

„Не сум Слободан Милошевиќ, не сум глупав да ви верувам“: Вучиќ се обрати со драматичен тон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот