Вучиќ ќе прими трета доза вакцина и ги повика граѓаните да го сторат истото

Александар Вучиќ/Фото: EPA-EFE/NEMANJA JOVANOVIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на одбележувањето на Денот на безбедносно-информативната агенција рече дека ќе прими трета доза вакцина против коронавирусот и ги повика српските граѓани да го сторат истото.

– Ќе ја земам третата доза на вакцината на Синофарм како што ги примив првите две дози. Верувам дека фактот што ја прими вакцината буквално и го спаси животот на нашата министерка Анѓелка Атанасковиќ. Третата доза, во зависност од обврските, ќе ја добијам во рок од седум дена и ги поканувам сите граѓани да ја примат вакцината – рече Вучиќ на одбележувањето на Денот на безбедносно-информативната агенција.

Вучиќ најави дека вакцините „Модерна“ ќе пристигнат во Србија во ноември, како и дека Србија ќе биде првата земја по Соединетите држави што ќе го има МСД лекот против корона.

– Наскоро ќе имаме дозвола за употреба на руски вакцини произведени во Србија, имаме вкупно 1.500.000 парчиња. Имаме и компоненти 1 и 2, изработени по највисоки стандарди. Нашата фабрика за вакцини Синофарм напредува многу брзо. Набавивме нови лекови, набавуваме и МСД, тоа е лек против корона, што ќе бидеме првата земја во Европа што ќе го имаме по Америка. Тоа се апчиња чија цена е нешто повеќе од 400 долари што ги набавуваме за нашите луѓе. Се надевам дека нашата Агенција за лекови ќе ја одобри употребата и ќе ја имаме за еден месец – рече претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.