Вучиќ како Тито со Самит на Неврзаните: Време е за обнова на идејата за политичка независност

Српскиот претседател Александар Вучиќ/Фото: Jure Makovec / AFP / Profimedia

Во пресрет на утрешното одбележување на 60-годишнината на Движењето на неврзаните земји во Белград, каде се очекуваат делегации од 105 земји од целиот свет, неколку претседатели и премиери и 44 министри за надворешни работи со 550 учесници, претседателот на Србија Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил, изразувајќи гостопримство напиша и дека е дојдено време за обнова на идејата за политичка независност, јави дописникот на МИА од Белград.

– Дождлив ден во Белград, но ден за гордоста на Србија. Пред 60 години, Неврзаните се собраа во Белград, денес е време да се обноват идеите за политичка независност и заедничко дејствување на слободните земји во светот. Среќен сум што сум на чело на Србија, која можеше и имаше сила да организира таков величествен собир, напиша Вучиќ.

Како што соопштија од кабинетот на српскиот претседател, тој утре наутро со свое обраќање на Белградскиот саем ќе го означи свеченото отворање на Комеморативната седница на Движењето на неврзаните, по што ќе следи обраќање на шефовите на делегациите.

Во бројните билатерални средби кои уште од денеска ги има срспкиот државен врв, како теми се дискутира и за косовското прашање и почитувањето на територијалниот интегритет на Србија, а на средбата со министерот за надворешни работи на Индонезија, Ретно Марсуди, претседателот Вучиќ ја поддржа идејата на претседателот Џоко Видодо, архивата на Движењето на неврзаните од времето на нејзиното основање во 1961 година да биде номинирана на списокот за светско наследство на УНЕСКО, соопштија од кабиннетот на Вучиќ.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот