Вучиќ: Ако победи опозицијата на изборите, ќе им дадам мандат, но не сакам повеќе да бидам претседател

Александар Вучиќ / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Српскиот претседател Александар Вучиќ на предизборниот митинг на Српската напредна партија (СНС) во Смедерево изјави дека, доколку опозицијата победи на изборите, тој повеќе нема да биде претседател.

Ја прифатив честа да бидам носител на оваа изборна листа бидејќи ќе сносам најголема одговорност. Дали навистина мислите дека е можно јас да бидам претседател, а премиерот да биде еден од тие што ја уништија државата? Можно е тие да бидат премиери. Ако победат на изборите ќе им дадам мандат. Но, не сакам повеќе да бидам претседател, бидејќи после тоа не можам ништо да направам за граѓаните на Србија. И сакам луѓето во Србија да го знаат тоа. Да се преправам дека сум претседател за да имам чанта, машна, секретарка и да се чувствувам добро, а на народот да му биде лошо – нема тоа себеси да си го направам. И јас не сакам да бидам претседател, им порача Вучиќ на насобраните на митингот на неговата партија.

Според него, граѓаните не гласаат само за листа на пратеници, туку и за свој претседател.

Во Србија на 17 декември ќе се одржат вонредни парламентарни, покраински, локални и избори за градот Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот