Вториот бран на коронавирусот потежок и за нашата психа

Unsplash
Unsplash

По строгите карантини низ целиот свет во првата половина на 2020 година, се чинеше дека работите се подобруваа со летото – ограничувањата беа намалени и бројот на заразени со коронавирус почна да опаѓа.

Но, вирусот не исчезна ниту отиде нeкаде. Ова сега е целосно јасно бидејќи многу земји влегоа во втор бран на зараза, а со тоа и нови затворања.

Без оглед на тоа што значи физички, ваквите „напред и назад“ промени помеѓу попуштањето и мерките за затегнување ја оптоваруваат психата, вели германскиот психотерапевт и писател Миријам Присес.

Тој посочува дека колку почесто се случува ова, толку е поголем притисокот. Поедините може да препознаат кога пандемијата ги погодува повеќе отколку што треба, или да почувствуваат кога нивото на стрес е на својот врв.

Unsplash
Unsplash

На ниво на однесување, ова значи повлекување од социјалниот живот и изолација, а на емоционално ниво, карактеристични се немир, страв и напнатост, рече Присес. Емоционалната исцрпеност и летаргија можат дополнително да се продлабочуваат колку подолго трае стресот, предупредува Присес. Имунолошкиот систем може да биде под влијание и на стрес, што кај некои може да резултира со појава на физички болести.

Преис вели дека во таква ситуација треба да се зајакне односот со себеси, да се преиспитуваат сопствените чувства на дневна основа и да се запрашаме што можеме конкретно да направиме за да се чувствуваме подобро. Тој нè советува да обрнеме внимание на тоа како реагираме на нарушувањата и да се консултираме со лекар пред тие да станат поголем проблем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот