Втор ден од Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice” (ГАЛЕРИЈА)

фото: Слободен печат/Драган Митрески

На лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски” денеска се одржува вториот ден од четвртиот Меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice”.

Денеска настапите започнаа во 07:30 часот, а од 10 часот следуваше настапот на учесниците од земјава и од странство кои се натпреваруваат во меѓународно признатите категории – младинци, јуниори и сениори.

Како што вчера најавивме, свеченото отворање беше закажано за во 19:15 часот со музички настап на Кристина Арнаудова, по што следеше презентацијата на вештините на мраз на најмладите учесници на натпреварот.

Потоа околку 19.30 часот започна официјалниот натпреварувачки дел и тоа во категориите интерпретации А, Б и Ц (рекреативни категории), како и најмалата спортска категорија кадети Ц.
Инаку за потсетување, организатор на „Skopje on Ice” е Федерацијата за лизгачки спортови, додека влезот е слободен.

[foogallery id=”191464″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот