Времето денес променливо облачно, следи период на потопло време

Претпладне во југозападните делови на земјава ќе има повремен дожд. Во останатите делови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 6, а дневната од  10 до 18 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Следува период на претежно сончево и се потопло време. Најтопло ќе биде за време на викендот, иако во сабота ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Од почетокот на следната недела ќе има услови за појава на краткотраен попладневен пороен дожд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот