ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно и нестабилно време со дожд и грмежи

скопје дожд жена велосипед врне облачно време
Дожд во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, проследени со појава на грмежи. Облачноста и врнежите постепено ќе се намалуваат кон крајот на денот.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и услови за појава на грмежи.

Во наредните денови, под влијание на влажната и нестабилна воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот