ВРЕДНО БОГАТСТВО- смести Британци во затвор

Двајца Британци кои не пријавиле англо-саксонско богатство кое го пронашле, денеска се осудени на 10 и осум и пол години затвор.

Богатството било вредно околу три милиони фунти (околу 3,6 милиони евра) и старо повеќе од илјада години.

Лејтон Дејвис (51) и Џорџ Пауел (38) богатство го откриле во централна Англија, а меѓу предметите имало и монети за кои се верува дека датираат од времето на владеењето на кралот Алфред Велики.

Според британскиот закон, таквите откритија мора да се пријават кај сопственикот на земјиштето и локалните власти.

Сепак, Дејвис, кој е осуден на осум и пол, и Пауел, осуден на 10 години затвор,  одлучиле да го задржат богатството за себе и почнале да продаваат монети, било кажано во судот во Ворчестер.

Според британските медиуми, двајцата мажи биле уапсени откако меѓу сопствениците на антикварници почнале да кружат гласини дека поседуваат исклучително вредно богатство и дека го продаваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот