Вработените во обвинителствата од утре нема да работат ниту на итни случаи ако Владата не седне да преговара
Вработените во јавните обвинителства протестираат веќе 17 денови, а претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски на денешниот протест предупреди дека доколку работната група од пет министри не седне да преговара уште денеска, од утре штрајкот ќе стане поригорозен.
Препорачано
Деаноски најави дека ако досега се работеле само итните и неодложни работи, од утре нема да се работи ништо.
Од вкупно 390 вработени во ЈО, денеска тука ќе дојдат 300 вработени. Ако ова не е доволен доказ се сериозноста, не знам каква друга порака треба да испратиме, рече Деаноски.
Тој додаде дека целосно ќе се парализира правосудството ако владината работна група не седне на маса и да преговара за нивните барања и не може да разбере зошто Владата инсистира минималната плата да биде избришана како основен елемент на нивните плати.
Тоа значи дека во март 2024 година, кога ќе порасне минималната плата, ниту еден од овие вработени нема да добие усогласување. Проекцијата е дека минималната плата ќе порасне за 3 до 4 илјади денари, што ќе направи уште еден хаос во судовите, управата и обвинителствата, оценува претседателот на Синдикатот на УПОЗ.
Вработените во обвинителствата се незадоволни од месечните примања и бараат зголемување на платите за 78 отсто и враќање на додатоците на плата во висина од 35 отсто.


