Вработени во хотелот „Трамп“ откриваат бизарни навики на поранешното прво семејство на САД

EPA-EFE
Меланија и Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Поранешното претседателско семејство Трамп имале исклучително необични навики и барања од вработените во нивниот хотел, кои добивале упатства „чекор по чекор“ што да прават кога семејството доаѓало во хотелот.

Вработените за „Вашингтониан“ открија каков бил протоколот и што имало на менито кога ќе дошол Трамп во нивниот хотел во Вашингтон.

Додека бил претседател, Доналд Трамп ретко излегувал, но кога го правел тоа, главно одел во неговиот хотел кој се наоѓа пет блока од Белата куќа.

EPA-EFE
EPA-EFE

Секогаш седел на масата број 72 со тркалезна кабина, која се наоѓа во мезанин –  во центарот на случувањата. Тоа место секогаш било резервирано за него.

Во документот „Стандардна оперативна постапка“ објавен во магазинот, детално се опишува што требало да се прави кога поранешниот претседател ќе дошол во неговиот ресторан во хотелот.

Кога доаѓал, секогаш прво користел средство за дезинфекција на рацете и пред појавата на коронавирусот. За Доналд Трамп е познато дека има гермафобија, патолошки страв од бацили (класа на бактерии).

EPA-EFE
EPA-EFE/Oliver Contreras

Тогаш келнерот требало да го поздрави, во зависност од времето на денот, со „добро утро, добар ден или добра вечер господине претседателе. Дали ја сакате вашата диетална Кока-Кола со или без мраз?“

Келнерот морал да го отвори пијалокот пред него, никогаш порано. Отварачот за шишето да го држи во едната рака, а диеталната Кока-Кола во другата, и тоа во долната третина. Пијалокот секогаш требало да стои од неговата десна страна.

Менито секогаш се состоело од истите јадења: коктел од шкампи, добро печен бифтек, помфрит и понекогаш пита со јаболка или чоколадна торта за десерт.

Profimedia
Profimedia

Покрај тоа, послужавникот со нездравата храна требало да биде подготвен при секоја негова посета. Чипс со вкус на павлака и кромид, четири вида чоколади, гумени бонбони, бисквити и суво грозје покриено со чоколадо.

И Меланија имала свои необични побарувања, како на пример, храната да не се украсува. Во една прилика, таа го вратила јадењето затоа што било украсено со магдонос и власец.

Доналд никогаш не вратил храна, но еднаш се пожалил дека добил помал бифтек од лицето со кое вечерал. Тогаш, ресторанот нарачал шницли од 100 сантиметри за претседателот.

EPA-EFE
EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Поранешниот претседател на САД бил зависник од Кока-Кола, пиел по неколку чаши секој ден. Имал дури и специјално копче на својата работна маса во канцеларијата кое го пристискал секогаш кога ќе му затреба повеќе сок.

Нивното семејство и пријатели постојано престојувале во хотелот кога биле во градот. Лобистите пиеле во барот, републиканците имале вечери за собирање средства, а новинарите се состанувале со своите соговорници уживајќи во скапи пијалоци.

Од хотелот секој ден добивавме книги со податоци на гостите кои престојуваа во него – нивното име, слика и титула“, вели поранешниот главен готвач Шон Матијевиќ и додава дека и дел од вработените во Белата куќа, барале третман како ѕвезди.

EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Најтешкиот гостин во хотелот бил приватниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани, кој деновите практично ги поминувал во ресторанот.

Со оглед на тоа што тој повеќе работел таму отколку што јадел, вработените му направиле плакета на која пишува „Приватна канцеларија на Рудолф Ф. Џулијани“ и кога доаѓал му ја поставувале на масата.

Profimedia

Џулијани ми беше најтешкиот гостин“, вели Матијевиќ.

За разлика од нив, вработените за децата на Трамп велат дека биле повлечени и пристојни гости.

Instagram
Instagram

Кога доаѓаа тие, едноставно ќе ја завршеа својата работа и си одеа“, вели пронешната помошничка на генералниот директор на хотелот Алис Оклак за децата на Трамп, додавајќи дека Ивана секогаш седела со грб кон остатокот од ресторанот, бидејќи не сакала да ја забележат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот