Вработена во Рамстор ги повреди прстите на раката на машина за мелење месо

Амбулантно возило / Фото: Профимедиа

Вработена во маркет на Рамстор Капитол синоќа се здобила со повреда на прстите на едната рака при чистење машина за мелење месо.

Од компанијата информираат дека е повикана Брза помош, екипа за Противпожарна заштита, полициската служба и бил известен Државниот инспекторат за труд.

„По кратката и брза интервенција, вработената во имобилизирана состојба е пренесена во Ургентниот центар при Клиничкиот центар во Скопје и во текот на ноќта и е извршен хируршки зафат. По зафатот сите прсти на повредената рака се зачувани и се следи процесот на опоравување“, наведуваат во соопштението.

Највисокото раководство на Рамстор го следи случајот и најавува дека ќе продолжи да прави се што е потребно за да и се помогне на вработената и нејзиното семејство да истата се опорави во целост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот