ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Девојче се снимало додека вперува пушка во главата на своето 11-годишно братче во крушевско село
Откако на социјалните мрежи се појавила снимка на која 15-годишно девојче вперува пушка во својот 11-годишен брат, полицијата вчера влегла е во домот на Ф.А. во Јакреново и ја одзеле ловечката пушка со придружната опрема и дозволата за нејзино поседување.
Откако на социјалните мрежи се појави вознемирувачка видео-снимка, на која се гледа како 15-годишно девојче вперува пушка во главата на својот помал брат, Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека го расветлиле случајот и дека нивни службеници го одзеле оружјето и дозволата за негово поседување.
Препорачано
Како што соопштија од МВР, настанот се случил во домот на 44-годишниот Ф.А. од крушевското село Јакреново.
Полицаец си пукал во рака додека го проверувал своето оружје
Окако било пријавено дека на социјална мрежа е објавена снимка на која се гледа како 15-годишно девојче вперува огнено оружје кон главата на својот 11-годишен брат, вчера во 13 часот полицајци од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Крушево отишле во домот на Ф.А. во Јакреново и одзеле ловечка пушка, ременик и дозвола за поседување оружје.
„По преземени мерки беше утврдено дека настанот се случил во неговиот дом и беа направени консултации со јавен обвинител, оружјето е одземено и по целосно документирање на случајот против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението од МВР.


