Фото: Принтскрин

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Нуркач си ја прободел главата со копје, само СРЕЌА го спасила од СМРТ (ФОТО+ВИДЕО)

Страствениот нуркач и пастор во црква во Јужноафриканската Република наводно самиот себе си ја прободел главата со копје додека нуркал.

Кони Халовел од Умкомас во Јужноафриканската Република со неверојатна среќа успеал да избегне тешки повреди, бидејќи копјето за неколку милиметри му го промашил мозокот и очите, пренесува Мирор.

Несреќата се случила на 31 август додека тој рибарел. Успеал да исплива и да излезе на плажата, каде локалните спасувачи му пружиле прва помош и со него ја причекале итната помош.

„Само се молев да останам буден. Излегов од вода и одев напред-назад викајќи некој да ми помогне“, рекол тој за Сандеј Тајмс.

Тој моментално се наоѓа во болница во градот Пиетермаритзбург, од каде се појави снимката на која тој од болничкиот кревет им се заблагодари на сите за поддршката.

„Фала ви за молитвите, навистина го ценам тоа. Добро напредувам. Добро сум, се опоравувам и едвај чекам да ве видам вас. Бог да ве благослови“, порачал тој.

Халовел го сочувал видот на двете очи иако копјето поминало за влакно позади очните јаболки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот