Возеше 27 часа до дома, клубот го казни со 60.000 евра

фото: твитер

Иако крилото се врати назад во Шпанија, но и натаму не тренира со тимските колеги во рамките од првата недела на тренинзите.

Веста дека играчот на Селта Виго побегна од карантинот беше објавена уште во март...Овој првотимец на шпанскиот клуб ја прекрши клупската дисциплина во текот на пандемијата на коронавирусот.

Пионе Систо (26) наместо во карантин, заедно со неговата сестра го започна патот низ пола Европа, возеше 27 часа до Скандинавија, поточно до Копенхаген (Данска), па поради ќе мора да плати парична казна од 60.000 илјади евра.

Иако крилото се врати назад во Шпанија, но и натаму не тренира со тимските колеги во рамките од првата недела на тренинзите.

Наскоро се очекува финална одлука кога официјално ќе продолжи фудбалската сезона во Шпанија, екипите веќе започнаа со индивидуални и тренинзи.

После поминувањето на втората рунда од тестовите за КОВИД-19 (како трета фаза од протоколот од „Ла Лига“), од понеделник се овозможува и групен тренинг на сите професионални шпански клубови.

Систо одби да учествува во првата рунда од тестовите, но учествуваше во втората.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот