Наместо во карантин, Систо возеше 27 часа до Копенхаген

фото: твитер

На таков потег се реши поради заразата во Шпанија и суспензијата на сите летови, па единствена опција што му преостана беше да седне зад волан.

Пионе Систо ја прекрши клупската дисциплина во шпанскиот фудбалски клуб Селта од Виго. Наместо да биде во карантин, како што пишува „Марка“, заедно со неговата сестра го започна патот низ пола Европа до Скандинавија.

Данскиот фудбалер влезе во автомобил и возеше 27 часа до Копенхаген во „бегството” од Шпанија и тамошната ситуација со коронавирусот.

На таков потег се реши поради заразата во Шпанија и суспензијата на сите летови, па единствена опција што му преостана беше да седне зад волан и да вози 3.000 километри до Данска.

Управата на Селта најави дека ќе следува казна за својот играч штом се врати во клубот и екипата почне со тренинзи.

Систо кој воедно е репрезентативец на Данска, игра на крилната позиција и од 2016 година е член на Селта со 100 одиграни натпреварии и 10 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот