Возач излетал од пат откако му се слошило, во болница констатирале смрт

Фото: EPA / PETER FOLEY

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид, а телото на починатиот предадено му е на семејството.  

Тетовската полиција бележи смртен случај кај возач 52 годишник, кој излетал од патот откако му се слошило.  Возачот се движел со сопатник, а излетувањето се случило на автопатот Тетово-Скопје.

Во 18 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека движејќи се со патничко моторно возило „фолксфаген голф” со тетовски регистарски ознаки по автопатот Тетово-Скопје, на Ш.Ј. (52) од тетовски Копачиндол, кој го управувал возилото, наеднаш му се слошило и излетал од коловоз.

– По излетувањето тој и сопатникот А.И.(62) од истото село пренесени се во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, а лекарите констатирале смрт на Ш.Ј. додека сопатникот завршил со лесни повреди, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид, а телото на починатиот предадено му е на семејството.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот